Доколку имате намера летниот одмор да го поминете во Охрид, добра идеја е да го оставите вашиот автомобилот дома.
Од овој месец Охрид ги зголеми цените на паркирање кои ќе важат во текот на туристичката сезона, односно до 31 август.
Во текот на месеците јуни, јули и август цените за паркирање ќе бидат повисоки за десет денари. Тоа значи дека за паркирање во централното градско подрачје за времетраење од еден час, наместо сегашните 30 денари, ќе се плаќаат 40 денари.
Охрид ова лето повторно ќе се соочи и со недостиг на доволно паркинг места особено во шпиц сезоната.
Поскапувањето на паркингот не им се допаѓа ниту на Охриѓани бидејќи цените се исти и за жителите и за туристите.
Повеќе инфо на – TvNova.mk