23 годишниот Филип Димитријевиќ од Београд се фрли од Бранковиот мост. Телото на несреќното момче е најдено вчера околу 2:30 на местото на кое е нацртано големо срце.
Мотивот за самоубиството не е познат, затоа што момчето позади себе не оставил проштално писмо.
„Момчето падна од 15 метри висина на големо нацртано срце на шеталиштето, над кое стоел натпис: „ Се е ова премалку за крај“. Најверојатно се работи за невозвратена љубов како мотив, но тоа треба да биде утврдено, вели за српски Курир извор од истрагата.
Ова момче и претходно имало суицидни намери.
Еден од роднините на Филип кој дошол да изрази сочуство вели дека мајка му и сестра му се целосно скршени од болка. Тој надополнува дека ништо минативе денови не укажувало на такво нешто.
Еден од познаниците на Филип вели дека тој не бил во врска.
„Филип имаше девојка, но се разделија пред година дена. Не знам дали тоа има врска со невогото самоубиство“, вели неговиот познаник.
Неговите соседи за него имаат само пофални зборови, не им се верува дека ова навистина се случило.