Од утре под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и многу топло време.
Најтопло ќе биде за време на продолжениот викенд, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени. Во сабота се очекуваат максимални температури до 41 степен, а во петок до 39.
Утре ќе дува умерен ветер, во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Максималните температури ќе бидат 32 степени.