Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која утринава околу 4 часот е случи на булеварот „Партизански одреди“, спроти Симпо, потврдуваат од МВР
Според информациите од полицијата, до несреќата дошло кога автомобил „Мерцедес“ со скопски регистерки ознаки излетал од патот, удрил во дрво и се вратил на коловозот.
Од здобиените повреди на лице место животот го загубија возачот и сопатничката, 35-годишниот Владимир А. и Катерина С. (37).
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата. Телата на починатите се дадени на обдукција, а автомобилот е однесен на вештачење.