Папата одбил огромна донација зашто на чекот го пишувало бројот 666


Папата Франциско одби донација од аргентинскиот претседател поради 666 во износот од 16.666.000 пезоси.

Студените односи меѓу двајца од светски најистакнатите Аргентинци се чини дека се влошија откако се дозна дека папата Франциско одбил добротворна донација од владата на претседателот Маурисио Макри – барем делумно – бидејќи во износот имало бројка 666.papa-francisko

Во почетокот на месецот, централно-десничарскиот претседател дал донација, која изнесувала вкупно 16.666.000 пезоси (нешто помалку од 1,2 милиони долари) од аргентинската влада за фондацијата за образование „Шолас окурентес“, која е поддржана од папата и се базира на слична организација основана од Франциско кога тој бил кардинал на Буенос Аирес.

Во „Ватикан инсајдер“ – публикација специјализирана за прашањата на папата, што ја објавува италијанскиот весник „Ла стампа“ – Франциско се обратил до аргентинската подружница на фондацијата, барајќи да ги врати парите. Во посткриптот, тој напишал: „Не ми се допаѓа 666“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1