Вчера околу 19:10 часот во скопското село Света Петка дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу А.С.(41) и З.С.(29) од една страна и А.Џ.(26) и Е.Џ.(19) од друга страна.
Покрај тврди предмети, во тепачката било употребено и огнено оружје. З.С. се здобил со прострелна повреда на десна потколеница, а со телесни повреди се здобил и А.С. по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Во Ургентниот центар-Скопје, пак, бил донесен А.Џ. кој се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата (скршеница на череп) по што бил задржан на лекување.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.