„Колку повеќе, тоа подобро“ – гласи животното мото на пакистанскиот лекар. Сардар Џан Мухамед Хилиџи (40) од Квета веќе има 35 деца, но сака да ги има 100.
– Пророкот рече дека оние кои го зголемуваат бројот на неговите следбеници никогаш нема да одат во пеколот. Со Божјата милост, децата ќе ми помогнат да одам на небото – рекол Сардар, пренесува „Индија тудеј“.
За да ја оствари својата цел, лекарот, кој има приватна ординација, бара четврта жена.
– Првиот пат се оженив кога имав 26 години, а потоа уште два пати се женев во растојание од пет месеци – рекол Сардар.
Вистинско чудо е како овој човек успева да ги покрива месечните трошоци кои достигнуваат 120.000 рупи (1.000 евра). Прегледот го наплатува околку 250 рупии, а кој нема пари, не мора ништо да плати. Многучленото семејство живее во куќа од глина со 12 соби во околината на Квета, без истечна вода и канализација.
Муслимините во Пакистан можат да имаат четири жени, под услов останатите да се согласни со тоа. Меѓутоа, полигамните бракови се ретки, а организациите за човекови права се борат за нивно укинување.
– Некој секогаш страда, главно сопругите и децата – рекла активистката Рафија Закарија.
Сардар кој признава дека понекогаш не може да се сети на името на своите деца, има поинакво мислење. Тој тврди дека односите во неговиот дом се складни и дека сопругите го поддржуваат неговиот план. Таткото на крие дека миленичка му е најстарата ќерка, 15-годишната Шагуфта Насрин. Таа не се жали на својот живот во големото семејство, напротив.
– Тоа е како Господ да ти подарил сандак со манго – рекла Шагуфта.
Најстариот син Мухамед Еса (13) веќе сега знае дека еден ден ќе го надмине својот татко.
– Сакам повеќе од 100 деца… – рекол Мухамед.