Уапсени родителите кои ја подарија ќерката на 37 години постар маж (ФОТО)


Американските власти ги уапсија родителите Амиши кои ја „подариле“ својата 14-годишна ќерка на многу постар маж, за на тој начин да му се одолжат, бидејќи финансиски им помогнал.

Полицијата во четвртокот ги уапсила Даниел Столцфус (43) и неговата сопруга Савила (42), кои се родители на тинејџерка, како и мажот за кого таа се омажила, 51-годишниот Ли Каплан, пренесе „Би-би-си“.lee_kaplan_savilla_daniel_stoltzfus

Во куќата на Каплан, во градот Фистервил, во Пенсилванија, се пронајдени уште 11 девојчиња, на возраст помеѓу шест месеци и 18 години. Се смета дека сите се Амиши, иако во судските акти не се објаснува од каде потекнуваат тие деца.

Каплан е обвинет за различни кривични дела од сексуална природа, вклучувајќи сексуален однос со малолетно лице, а таткото на девојчето за учество во заверата за извршување на делото сексуален однос со малолетно лице.

Во судските акти се наведува дека брачната двојка Амиши му биле благодарни на Каплан, бидејќи им помогнал фармата да не им биде зпленета, а признале дека му ја дале својата ќерка, откако на интернет пронашле информации според кои тоа дело не е противзаконско.

Девојчето, кое сега има 18 години, првпат остнало бремено речиси веднаш откако нејзините родители ја подариле на Каплан, а вторпат кога имало 17 години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1