Мажот кој е минатиот викенд е уапсен бидејќи се обиде на митингот на Доналд Трамп во Лас Вегас да украде пиштол од полицаец, призна дека сакал да го убие републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД.
Според судските документи, Мајкл Сендфорд пробал да ја разоружа полицијата пред два дена, но бил совладан.
-Сендфорд изјави дека свесно дошол во Лас Вегас да го убие Трамп, се наведува во полициските документи.