Детали за вчерашниот инцидент во Битола: Педофилот е во критична сосотојба, оставил проштално писмо


Никола Мирчевски, кој е осуден поради полов напад врз својата внука, е приклучен е на апарати по обидот да се разнесе пред судот во Битола.

Лекарите од болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје не се оптимисти за здравствената состојба на 67-годишниот битолчанец Никола Мирчевски. Битолчанецот има сериозни изгореници од трет степен, тешки повреди на голем дел од внатрешните органи, а од вчера е приклучен на апарати.prilep.jpg

Тој вчера утро со своето „ауди“ се обиде со еден потег да се убие и да се разнесе во знак на протест по одлуката на судските власти кои му пресудија 10 години затвор за педофилија, односно за сексуална злоупотреба на својата седумгодишна внука од ќерка.

Настанот се случил околу 4 часот. Само неколку часа подоцна тој требало да се пријави во затвор на издржување на казната. Делото за кое му се судело се случило пред 3 години. Девојчето, тогаш седумгодишно, живеело само со дедо си. Нејзините родители биле разведени. Мајката била на печалба во Дубаи, а таткото осуден со казна затвор за сообраќајка, избегал во Шведска. Откако по него била распишана меѓународна потерница, шведската полиција го уапсила и го екстрадирала во Македонија.

Една ноќ, според исказот на детето „како во сон дедото и ја ставил нејзината рака на неговиот полов орган“.

Во официјалниот став на полицијата од Битола се вели дека тој го наполнил автомобилот со две мали боци со плин, две пластични туби со непозната запалива течност и плус во багажникот носел плинска боца од 25 килограми, односно со 32 литри пропан-бутан и го одвртел вентилот.

– Почнал да вози со голема брзина на булеварот „Први мај“ во спротивен правец од дозволениот режим за сообраќај. Тој намерно завртел на левата страна и преку високите рабници на улицата удрил до возилото во еден од столбовите и жардиниерите поставени пред зградата на Основниот суд. Притоа од силниот удар, но и поради тоа што сторителот претходно се самозапалил, во возилото избил пожар – изјави Сања Стаматова, портпарол на битолската полиција.

Според истражителите, само чудо било пресудно да не се случела голема катастрофа која ќе го разнела судот и околните објекти.

Во возилото пламнало пожар во кој Мирчевскисе здобил изгореници од трет степен на двете раце, големи изгореници на десниот лакт до рамото, а јагленисани му биле главата и целото лице.

Со возило на Итна помош прво бил згрижен во битолската болница, а потоа итно транспортиран во Скопје.

– Имаше изгореници на поголема површина на телото, како и тешки телесни повреди на главата. Пациентот беше сместен на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување каде што беа преземени сите потребни дијагностички и терапевтски мерки во ваква критичка состојба. Два часа по настанот со медицинска екипа од службата за ургентна медицина поради состојбата во која се наоѓал е транспортиран и задржан во градската болница во Скопје – велат од битолската болница.

Вистината за својот случај Мирчевски ја барал и во Судот за човекови права во Стразбур од каде за овој предмет сè уште нема пристигнато одлука. Во однос на правната постапка во земјава, Апелацискиот суд во Битола, но и Врховниот суд на Македонија ја имаат потврдено пресудата на Основниот суд во Битола.

Девојчето, пак, по полициската истрага е однесено во Шведска, односно во згрижувачко семејство. Пред да се одлучи на самоубиствениот потег, Мирчевски во својот дом оставил и проштално писмо кое сега е во рацете на истражителите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1