Охриѓанецот по кого се трагаше една недела пронајден мртов


Шеесет и четири годишниот К.Ф. од охридско Рача, кој на 16-ти месецов беше пријавен за исчезнат и по него интензивно се трагаше, вчера околу пладне е пронајден мртов.policija-ohrid

Од полицијата информираат дека на местото викано Селиште, атар на село Велестово, од страна на волонтер од единицата за спасување при Црвен Крст-Охрид, пронајден бил машки леш.

По извршената идентификација од сопругата било утврдено дека се работи за исчезнатото лице.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар-Битола каде ќе се изврши обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1