Милан ја распарал својата трудна девојка со 18 убоди од нож, па сe фрлил под кола


Милан Чимеша (24) од местото Михалова кај Зрењанин, ноќта помеѓу втрорникот и средата буквално ја распарал својата трудна девојка Сабина В. (18) од Банатски Двор. Тој 18 пати го зарил својот нож во девојката, по што и самиот си пресудил откако се фрлил под автомобил во движење.

Убиството се случило кога тој отишол по Сабина, која била кај своја пријателка, по што ја одвел под еден мост на влезот на селото.ubistvo

– Милан и Сабина наводно раскинале пред десетина дена. Кога слушнал дека таа излегла со своите другарки, брзо истрчал до куќата каде што се собрале и ја одвел кај мостот. По расправијата која таму се одвивала, тој ја избол повеќе пати во градите и стомакот, вели извор од истрагата.

Кога станал свесен што всушност направил, излегол од својата кола и се фрлил под автомобилот кој го возела Стана М. Преплашената жена, која се уште е во болница, повикала полиција.

– Во автомобилот на убиецот било искасапеното тело на трудницата. Несреќната девојка немала никакви шанси да преживее по сите убоди, а нејзиното тело било префрлено на судска медицина. Лицата кои ја вршеле обдукцијата се згрозиле кога ги избројале убодите, а увидот траел цели 7 часа, вели изворот за Srbija danas.

Мотивот за страшното злосторство веројатно бил љубомора и неочекуваната бременост на девојката.

– Во последно време тие постојано се расправале, а како што разбрав, таа сакала да се омажи за него затоа што била трудна, но тој не сакал да ја ожени и веројатно и правел притисок за да абортира, изјавила сосетка на Сабина.

Жртвата имала две години постара сестра и помали братчиња Стефан (8) и Леон (2) кои ја бараат својата сестра што постојано ги чувала додека родителите биле на работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1