Младата српска пејачка Дуња Илиќ на својот профил на Фејсбук објавила фотографии кои покажуваат дека била жртва на насилство.
Нејзиното лице, рацете и бутовите и се прекриени со гребаници и крв, косата и е разбушавена, а тврди дека добила ќотек само поради тоа што е Србинка
Иако не сакала да ги именува напаѓачите, Дуња покрај фотографиите само кратко напишала : „Браво за овие мажишта“.
Неколум минути подоцна, револтираната пејачка објавила статус во кој истакнала дека не се плаши од никој.
– Затоа што ја сакам Србија! Ако, ајде одиме понатаму, нема вашиот ќотек да ме уплаши! А луѓето нека видат! Црно на бело – напишала Дуња на Фејсбук.
Инаку пејачката пред извесно време откри дека преминала во ислам и извесно време живееше во Сараево, а потоа и во Приштина.
Не е познато дали пејачката отишла во полиција по овој инцидент.