Додека некои ќе го поминат летото во жешките канцеларии, шефот на една компанија од Хрватска одлучил своите вработени да ги одведе на Канарските острови.
„Секогаш на Фејсбук гледав фотографии од сопствениците на некои компании како патуваат на егзотични дестинации. И јас сакав да бидам на тие места, но поради работата во компанијата не можев да го изведам тоа бидејќи не е фер кон целиот тим. Затоа одлучивме да го промениме моделот и да создадеме ситуација – или сите да одат или да не оди никој. Со оглед на тоа дека жештините во Загреб се неподносливи, а летните месеци и онака се непродуктивни, одлучивме целиот тим да го преселиме на Канарските острови. Компанијата „Белабит“ таму закупи луксузни вили со базени, а секој член на тимот има можност на Канарите да помине колку време сака . Работното време е флексибилно и секој вработен може да одреди кога, колку и како ќе работи – објаснува за „Индекс“ основачот на „Белабит“, Сандро Мур.
„Белабит“ е компанија која создава паметни уреди кои на жените им помагаат во следењето на квалитетот на животот и здравјето во различни животни фази.
Во мај 2015 година лансирале уред за следење на здравјето на жените, паметен накит, „Leaf“, кој светските медиуми го прогласија за еден од најдобрите гаџети во 2015 година.