Во моментов во Велика Британија се води една од најжестоките и најскапите бракоразводни парници во историјата.
Поранешната манекенка Кристина Естрада го шокираше адвокатскиот тим на својот поранешен сопруг, богатиот саудиски шеик, со екстремните финансики побарувања.
Кристина ја одбила шеиковата понуда од 37 милиони фунти, и од екс сопругот Валид Јуфали побарува неверојатни 196 милиони фунти.
Екс манекенката во текот на судската парница пред поротата со солзи во очите изјавиле дека и е потребен само еден милион фунти годишно за гардероба!?
Покрај тоа Естрада побарува и недвижнини во вредност од 55 милиони фунти, поради тоа што според неа ако остане во сегашната куќа ќе мора да го дели катот со послугата.
Таа појаснила и зошто и се потребни толку многу пари за облека. На тој стандард како што вели самата се навикнала, годишно морала да купи дури 35 часовници кои ќе бидат во склад со нејзините модни комбинации. Покрај тоа и се потребни и средства за куќа на село, пет автомобили, влезници за Вимблдон и гала вечера за Божиќ.
Расплаканата манекенка во судницата со висок тон на адвокатскиот тим на својот екс сопруг му рекла: „Јас сум Кристина Естрада, бев меѓународен топ модел. Живеев таков живот, на тоа сум навикната“.
Инаку во моментов нејзиниот екс сопруг е во болница каде води битка со ракот.