Од денес – Нема веќе увоз на половни автомобили постари од 10 години


Од денеска нема да може да се увезуваат половни автомобили постари од 10 години, односно во државата ќе се внесуваат само возила со најмалку Еуро 4 стандард.

Ваквата одлука беше донесена на барање на импортерите на нови возила уште во 2013 година, но со датум на важење од 1 јули годинава.kola

Оние кои купиле половно возило со стандард Еуро 3 имаа рок до вчера да ја платат царината и да ги завршат сите увозни процедури. Рокот за хомологација засега е неограничен.

Според податоците на Царинската управа на Македонија, во првите четири месеци од годинава се увезени 9.500 возила што е скоро двојно повеќе од истиот период лани.

Увозот на половни возила беше либерализиран во 2010 година кога беа увезени и најмнмогу половни возила, односно 51.399 автомобили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1