Сакате виза за САД, ова се новите правила


Странските студенти сега ќе имаат можност да работат три години по завршувањето на своето образование во САД. Федералната влада на САД ги промени правилата за немигрантските студентски визи месецов, со што странските студенти ќе може да останат во земјата по дипломирањето за тренинг или потенцијално вработување, а потоа и „зелена карта“.
Со ова, САД станува една од најдобрите земји за студирање во споредба со другите развиени земји, како Обединетото Кралство, што не нуди вработување за странските студенти по дипломирањето. Сепак, оваа можност ќе биде достапна за студентите кои ќе дипломираат во областите: наука, технологија, инженерство и математика.viza usa

Според претходното правило, дипломираните можеа да останат во земјата за работа по студирање во период од најмногу 17 месеци. Новата регулатива ќе стапи во сила на 10 мај 2016.

Постојат неколку правила кои треба да се знаат:

– Само студентите со диплома од факултет признаен од американското министерство за образование може да останат по дипломирањето;

– Студентите може да се запишат на постдипломски студии;

– Работодавците ќе мора да претстават програма со цели за учење и тренинг за вработените кои остануваат;

– Мора да се поднесе извештај за промена на финансиите;

– Студентот не смее да заменува американски работник;

– Студентите мора да работат барем 20 часа неделно;

– Студентите имаат право на ограничен период на невработеност за време на почетниот период.

Republika.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1