Кумановскиот крај доцна попладнево околу 19 часот е зафатено од силно невреме проследено најпрвин со засилен ветер, а потоа со силни електрични празнења, пороен дожд и град., јавува kumanovskimuabeti.mk
Неколку населени места беа и без електрична енергија, а дел од околните села во кумановско се уште се без електрично напојување. Засега нема информации за причинета поголема материјална штета.