Безживотното тело на германски турист е извадено од амбисот во кој паднал при обид да слика селфи во Мачу Пикчу на перуански Анди, јави Би-Би-Си.
Оливер Парк (51) ги игнорирал сигурносните предупредувања и влегол во подрачјето каде пристапот не е дозволен на самиот раб на карпа, соопштија официјални лица.
Тие додадоа дека тој се обидел да позира за селфи местејќи се да изгледа дека лета.
Спасувачките служби телото го пронашле телото вчера и го пренеле во мртовечницата во Куско.