Брутално апсење: Обезбедувањето претепа парализирана девојка (ВИДЕО)


Хана Коен (18) е тинејџерка со инвалидитет предизвикан од долгогодишната борба против ракот, која доживеала голема траума на аеродромот во Мемфис, кога обезбедувањето ја уапсило откако свирел скенерот низ кој таа поминала.devojce-640x432

Нејзината мајка во тужбата против аеродромското обезбедување навела дека тоа најверојатно се случило поради нитните на маичката на Хана, но во секој случај обезбедувањето не смеело така да постапува со девојка која носи протези на нозето.

Откако одбила да влезе во просторија каде би и правеле детален телесен преглед, Хана ја опкружиле вооружени агенти, ја фрлиле на подот, што секако предизвикало трауми и страв кај неа.

Нејзината мајка, немоќна да направи било што друго, ја фотографирала Хана со лисиците на подот и со крв на главата.

Во тужбата е наведена оштета во износ од 90.000 долари поради претрпениот страв и нанесените повреди, а случајот се уште е во судница. Девојката од бројните операции на тумори на мозокот, го изгубила видот на едното око, а била и делумно глува и парализирана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1