Жена си ја отвори душата: Мојот сопруг е херој, но јас сакам да умре!


Јас го сакам својот сопруг и сакам да му дадат инекција за евтаназија, но законот не ми дозволува, вели Линдзи Брингз, која се нашла во ќорсокак откако нејзиниот сопруг Пол доживела несреќа и сега живее како билка.

Кога даваш завет дека некого ќе го сакаш во добро и лошо, во здравје и болест никогаш не можеш ни да замислиш што најлошо може да се случи. Не можете ни да замислите како е тоа, кога човекот кого го сакате најмногу на цел свет, ќе дојде во ситуација животот да му зависи од апаратите. Не ни сонувате како е тоа кога нема да можете да поднесете да го гледате во таква состојба, па попрво ќе посакате да умре отколку да живее.thumb460_93219_1por-64499

Минатата година во јули Пол (43) кој веќе 15 години работи во полиција, татко на нашата 5- годишна ќерка Ели, доживеа сообраќајка со својот мотор, во која што едвај извлече жива глава, ја започнува потресната приказна Линзи Бригз.

Според сите лоши изгледи, тој преживеал, но неговата жена морала секојдневно да гледа како нејзиниот храбар маж по 12 месеци станува ништо од човек. Ако некогаш се разбуди мозокот ќе му биде оштетен, и ќе бара 24 часовна нега, и велеле лекарите.

Секој ден гледам како малку по малку од неговото достоинство изумира, и знам дека и самиот би посакал да умре. Но законот не дозволува да се исклучат апаратите, затоа што тоа не го ставил како своја желба, вели несреќната жена.

Јас најдобро го познавам. Разговаравме за тоа што би се случило кога некој од нас двајца би завршил во вегетативна состојба, но тоа никогаш не го земавме сериозно. Зошто би го земале?

Како воен ветеран, Пол преживеал шест години во Заливската војна, во Северна Ирска пред да стапи во полицијата.

На една страна ќерката за која треба и тоа како да води сметка, а од друга страна 24 часовна нега каде треба да биде медицинска сестра на својот маж. Оваа жена се наоѓа во ќорсокак затоа што не може да донесе никаква одлука.

Немам овластување да донесам одлука без негова согласност. Сега пишувам однапред документ со кои сакам својата ќерка ја заштитам од вакви сиуации, ако некогаш се најде во слична положба, објаснува Линдзи.

Во март Челзи Роу кој учествувал во овој судир, во кој кутриот човек го изгубил животот, ја признал вината и е затворен.

Се надеваме дека правдата е задоволена, но ништо не може да го врати Пол да биде човек каков што беше пред несреќата. Јас го сакам мажот, но тој е мртов во сите делови од неговото тело. Не знам кога ќе почива во мир, вели Линдзи.

Таа на сите брачни парови им препорачува на време ги решат ваквите ситуации, за да утре го немаат истиот проблем.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1