Меси и неговиот татко добија 21 месец затвор


Ѕвездата на Барселона, Лео Меси, и неговиот татко добија затворска казна од 21 месец поради затајување данок.mesi-sud

Двајцата се товарат дека затаиле данок од околу 4,1 милиони евра во периодот од 2007 до 2009 година. Двајцата ќе треба да платат и висока парична казна затоа што користеле „оф шор“ фирми во Белизе и во Уругвај, за да ја прикријат вистинската заработувачка на фудбалерот Меси од објавувањето и печатењето на неговите фотографии.

Државниот обивнител бараше 22 месеци и 15 дена затвор и за Меси и за неговиот татко, додека обвинителството кое го водеше случајот бараше само 18 месеци казна за неговиот тако, сметајќи дека на Аргентинецот нема врска со тоа.

Весникот „Ел Периодико де Каталуња“ вели дека судот денеска ги известил страните за пресудата, а Меси и неговиот татко добиле 21 месец затвор. Ваквата одлука сигурно ќе биде обжалена, но и покрај тоа веројатно ниту фудбалерот ниту неговиот татко нема да завршат зад решетки бидејќи казната не е подолга од две години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1