Таткото на масовниот убиец одговори на заканите: Нека дојдат да ме убијат!


Не ги учев децата да убиваат! Тоа не е вистина. Јас сега сум ненормален човек после се што ми се случи, револтирано вели Радослав Златиќ, татко на Синиша кој во српското село Житиште, во близина на Зрењанин уби петмина, а рани 20 луѓе во кафулето Макијато.tatko-na-ubiec

Таткото на убиецот за српски Ало рекол дека не знае поради што неговиот син извршил незапаметен масакр.

-Едноставно немам одговор зошто тоа го сторил. Јас сум му татко и тоа што го направи ќе го носам на душа додека сум жив, резигнирано вели Златиќ.

Тој тврди дека не знаел за разводот на неговиот син од сопругата Дијана Савановиќ која прва беше изрешетана во кафулето додека седела во друштво на своето ново момче, Синиша Јојиќ.

На прашањето дали е точно дека имал оружје на таванот кое го донел од боиштето во родното Осјек, рекол:

-Кои сте вие, вам да ви полагам сметки?

Радослав исто така го разлутиле чаршиските муабети дека семејствата на жртвите од масакрот се закануваат со крвна одмазда.

-Нека дојдат да ме убијат. И што со тоа? не се плашам од никого! Можев до сега милион пати да загинам, рекол луто таткото на Синиша.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1