Извештајот за трагичната смрт на Катриона Вајт, девојката на славниот актер Џим Кери која се самоуби лани во септември, открива страшни детели од последните денови од животот.
„Дејли мејл“ ги објави деталите од извештајот со кој е утврдено дека Катриона починала од прекумерна доза лекови кои му биле препишани на Кери кои ги испила заедно со други апчиња.
Таа беше пронајдена мртва во стан во Лос Анџелес. Неколку часа пред да биде пронајдено нејзиното тело таа добила порака од Кери во која тој ја прашува каде се неговите лекови.
Неколку дена претходно тие ја раскинале врската. Таа на своите пријатели им говорела дека е лудо вљубена во Кери и дека нивната врска е многу бурна. Се шпекулира дека била во депресија поради љубовни проблеми и својот идентит го поврзувала со оној на Кери.
Наодот од аутопсијата, покажал дека таа се предозирала со таблети, кои ги подигнала без рецепт.
-Поминав 3 дена, обидувајќи се да сфатам дека те нема. Можам да продолжам понатаму со скршено срце и да се обидам да се средам. Би можела, но овој пат едноставно немам желба. Жал ми е што имаше чувство дека не сум покрај тебе. Дадов се што можам, напишала во прошталното писмо. Не знам што мислам за погребот. Ти си мое семејство и што и да одлучиш, ќе бидам задоволна, напишала таа.
Исто така побарала нејзините работи да се распродадат, а парите да се поделат на семејството.
-Те молам, прости ми. Едноставно не сум за овој свет, го завршила писмото.