Командантот на специјалната единица „Алфи“ и уште петмина осомничени за нечовечкото апсење на поранешниот Министер за внатрешни работи и лидер на партијата „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски на распит во Основниот суд Скопје 1 за овој случај.
Случајот „Тортура“ го отвори Специјалното јавно обвинителство. Како што соопшти СЈО при апсењето на Бошкоски „алфи“ употребиле прекумерна сила при апсењето на Бошкоски.
Тој беше уапсен за нелегално финансирање на изборна кампања и беше фатен како од одредено лице зема пари за финанасирање на неговата кампања.
За овој случај Бошкоски беше осуден на пет години затвор кои веќе ги одлежа и сега е на слобода.
Бошкоски е обвинет и во случајот „Ровер“ за вмешаност во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година, кога беше Министер.