Поради се почести појави на терористички напади ширум светот, многу недолжни луѓе ги изгубија животите.
Фотографијата од ова момче во повеќе наврати се појави на социјалните мрежи и секој пат наводно, тој е жртва на некој напад.
Неговата фотографија се појави откако дојде до пукотницата во геј клубот во Орландо, потоа кога дојде до несреќата во авионот на „Иџипт Ер“ и беше “жртва“ на престрелките на улиците во Мексико.
Според пишувањето на „Обзервер“ и „БиБиСи“ профилите кои се отворени на социјалните мрежи на кои е објавена фотографијата од ова момче се направени во Мексико. Момчето често го ословуваат со името Алфонсо на социјалните мрежи.
„Човекот од фотографијата ми беше пријател и ме измами за пари. Истото го направи и со неколку други луѓе. Против него подигнав и граѓанско и кривично обвинение, но бидејќи тие процеси се бавни и тој се уште не ми ги има вратено парите, се одлучивме да го казниме на тој начин што ќе ја споделиме неговата фотографија на социјалните мрежи. Нашата цел е целосно да му ја уништиме репутацијата. Сакаме целиот свет да го запамети неговото лице“ – објасни еден од креаторите на налозите на социјалните мрежи.