Една од легендите на југословенските војни, политичкиот преврат во Србија во октомври 2000-та, по што дојде до падот и апсењето на Слободан Милошевиќ, и воспоставување на нова влада на чело со демократот Зоран Ѓинѓиќ кој беше убиен при атентат на 12 март 2003.
За прв пат, од затвор, Милорад Улемек Легија говори за овие настани во интервју од 400 прашања за Глас јавности и Курир.
– Звездан Јовановиќ не го уби Зоран Ѓинќиќ, тврди Легија, тоа го извршил странец кој со дипломатско возило избегал од Белград веднаш по убиството, напуштајќи ја Србија со приватен авион без ознаки, и без процедура за полетување, вели Легија, што можат да го потврдат и неколку аеродромски службеници кои работеле во тоа време, од кои никој не бара изјава, вели тој.
Легија смета дека целата судска постапка по атентатот се водела субјективно за да се сокријат политичките мотиви за атентатот, но и заради криење на кримогената содржина на владеењето на Ѓинѓиќ, а особено на неговите први соработници.
Дека сите материјални докази, како и изјавите на обезбедувањето на Зоран Ѓинѓиќ, говорат дека се пукало од сосема друго место, а не од она за кое се тврди дека е локацијата од која стрелал припадникот на Црвените беретки Звездан Јовановиќ. – Токму затоа, бидејќи тој факт беше сосема очигледен, судот не дозволи реконструкција на атентатот иако се работи за убиство на премиер, смета Легија.
– Исказот од истрага за кој се тврди дека е даден од осудениот Звездан Јовановиќ не е негов, туку го пишувал истражителот Родољуб Миловиќ, а Јовановиќ само го потпишал затоа што нешто му е ветено по уцена, па и шефот на обезбедувањето на премиерот Милан Веруовиќ изјави на суд дека првиот смртоносен куршум е испукан од друга локација, и дека има три а не два истрели, потенција Легија.
– Ѓинѓиќ не е убиен од пушката за која судот твдри дека е употребена за тоа, дури ни нивните вештаци од Визбаден тоа не го потврдуваат. Пукано е со снајпер од голем калибар, а секој во оваа работа знае дека со таков снајпер во таква акција се пука десетина пати, а не само еден куршум.
Според Легија зад убиството на Ѓинѓиќ стојат британските разузнавачки служби, а во српската власт имале свој човек за соработка, тогашниот министер за внатрешни работи Душан Михајловиќ. Сите извештаи од истрагата министерот Михајловиќ ги доставувал преку британската амбасада до нивните разузнавачи, и соработувал со нив за време на целиот процес.
При апсењето на Душан Спасојевиќ – Шиптар и Миле Луковиќ – Кум, лидерите на Земунскиот клан, тие се убиени иако јавноста уште од првите моменти смета дека обид за апсење и немало туку намери за ликвидација за да не постои сведочење.
Кај убиените Спасојевиќ и Луковиќ, според Легија, е најдена торба со 3,5 милиони евра кои се одземени, а според записниците тие пари се однесени во торба во канцеларијата на министерот Душан Михајловиќ и подлени меѓу него и неговите соработници.
Легија, наводно, се криел преку една година по атентатот, а потоа сам се предал на полицијата по повик да го стори тоа.
– По атентатот, веќе од 14 март 2003, па се до 2 мај наредната 2004 година кога се предадов, не се криев туку престојував дома, вели Легија. Ноќта кога беше предавањето во мојата куќа беа Александар Тијаниќ (новинар, директор на РТС), Раде Булатовиќ (шеф на Државната безбедност), Горан Радосављевиќ Гури (полициски генерал) и Драган Јочиќ, подоцнежен министер за внатрешни работи од Социјалистичката партија.
– Што зборувавме и што преговаравме не е засега за јавност, открива Легија, но што се однесува до ветеното за мое мирно предавање нешто е потоа остварено, а нешто не е. Но, секогаш е така кога се договарате со политичарите, вели Легија.
Легија зборува и за деновите кога ја сменил страната, и од близок соработник на Милошевиќ преминал во тимот на Зоран Ѓинќиќ.
Легија вели дека се било театар. Американците ветиле голема награда за апсење на Милошевиќ, и за да се земат парите како извршители на апсењето се пријавиле припадниците на Земунскиот клан, раскажува Легија. Тој е упасен од полицајците, но ако тоа така се пријавело, немало да се земат пет милиони долари награда од САД која била исплатена во 2002 година, а парите ги поделиле неколкумина од државниот врв, тврди Легија.
Легија тврди дека 5 октомври 2000 не е никаков спонтан општонароден собир и протест, туку организиран државен удар. На прашањето зошто полицијата, особено тој и неговите специјалани единици, не преземале ништо државниот удар да се спречи, Легија одговара дека тогаш веќе било доцна, работата била претходно завршена.
Легија негира дека се видел со Зоран Ѓинѓиќ пред превратот на 5. октомври, комуницирале посредно преку Земунскиот клан. Првата средба им била ден потоа, на 6 октомври, кога среќавањето и средбата се случила со посредство и во присуство на шефовите на Земунскиот клан Спасојевиќ и Луковиќ, кои се потоа убиени по атентатот врз Ѓинќиќ.
Легија во тоа интервју зборува и кримогената структура на власта на Ѓинѓиќ, во што предничел Чеда Јовановиќ, вклучително и оргии со дрога и проститутки. По превратот се очекувале ветените големи пари од Западот кои никогаш не дошле, а Ѓинѓиќ и министерот за внатрешни работи почнале со обезбедување црни пари преку поддршка за Земунскиот клан на Спасојевиќ кој шверцувал кокаин, а кога во Франција биле откриени низ оперативната акција Султан, властите на Ѓинѓиќ во Србија ги сокриле од француски прогон, тврди Легија.
Поврзаноста на политиката преку Зоран Ѓинѓиќ со подземјето преку Земунскиот клан и специјалната полиција преку ЈСО и Легија – е клучот на успехот на превратот во Србија, а Легија таа релација ја потврдува.
Во ноќта кога е апсен Милошевиќ на 1 април 2001 тој бил дел од полициските единици, 32 припадници на ЈСО по наредба биле облечени во цивилна облека и со фантомки за да личат на криминалци од Земунскиот клан. Од куќата на Милошевиќ притоа се пукало врз полициските оперативци при што еден куршум го погодил и него, и го ранил. – И денес ја чувам јакната која е пробиена од куршум при апсењето на Милошевиќ, вели Легија.
Интересно, и Легија и Милошевиќ се предале откако со нив посредници претходно имале разговори и преговори.
Во двата случаи, а кај Милошевиќ и директно, во прегодорите учествува еден од првите соработници на Зоран Ѓинќиќ – Чеда Јовановиќ, предводник на демонстрациите против Милошевиќ и на Отпор (Канвас), за кого многумина па и Легија тврдат дека е наркоман и дел од нарко подземјето кој преку политиката и американската заштита се збогатил, не одговарал за ништо, и ден-денес е политички активен преку неговата Либерална партија и кандидат за коалиционен партнер во владата на Вучиќ.
И Милошевиќ и Легија биле изиграни во преговорите, по предавањето им се случиле најтешките казни кои би ги добиле и без никакви преговори.