Обидот за киднапирање на четиригодишно девојче пред очите на нејзината мајка, неодамна се случи во продавница за мобилни телефони во Калифорнија.
Мајката ја пуштила ќерката безгрижно да си игра на апаратот за слатки, додека во раце го држела помалото дете чекајќи на само еден метар од девојчето.
Во следниот момент, непознат маж се појавил на вратата и го зграпчил девојчето.
Жената почна да вика, а на помош и притрчал и купувачот кој во дуќанот се наоѓал пред неа, како и неколку случајни минувачи кои го видела мажот како трча со девојчето кое се бори да му побегне од раце.
Безбедносните камери го забележале овој необичен случај.
Набрзо дошла полицијата и киднаперот е фатен. Тој е идентификуван како Тери Рансом (24) и веќе имал криминално досие.