ХОРОР: Си ја запалила жива својата ќерка- „Ја убив, си ја спасив честа“


Зинат Рафик (18) од градот Лахореа во Пакистан, умрела откако нејзината мајка ја полила со бензин и ја запалила за да ја казни затоа што девојката сама го избрала својот сопруг, а не го прифатила оној кој родителите и го договориле.

– Ја убив својата ќерка. Ја спасив својата чест. Веќе никогаш повеќе нема да ме посрамоти, рекла мајката веднаш откако го направила овој суров чин.majka-pali

Девојката не се согласила на договорениот брак кој и го спремиле родителите, кои подоцна строго ја осудиле. Тие сметале дека за таа одлука мора да плати со својот живот. Пред да ја запали ќерката, мајката ја гушела, а девојката починала во најголеми маки.

Инаку ваквиот случај не е единствен во Пакистан. Според официјалните податоци, минатата година 1096 жени биле убиени заради чест. Овој огромен број на жртви лежи во судирот помеѓу модерниот и старомодниот начин на живот во оваа земја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1