Семејството на убиената пејачка Јелена Марајновиќж е во сатанистичката секата Црна Ружа, чие седиште во соседна Србија е во градот Суботица, тврди за Информер.рс С.Г. (60) од Белград која вели дека и самата во минататот била дел од оваа секта. Според неа, зад убиствотот на Јелена стојат Иван Б. и Раде Б., водачите на Црна Ружа во Србија, а несреќната пејачка била убиена во страшен сатанистички ритуал. С.Г. тврди дека семејстовот на Јелена, нејзиниот девер, свекор и свекрва, па и нејзиниот маж, сите се членови на оваа секта повеќе години.
– Сите информации кои ги имам за убиството на Јелена ги добив од пријателка, која се уште е активна во Црната Ружа. Таа ми рече дека Марјановиќи присутствувале на нивните состаноци и дека често оделе во Суботица. Водачите Иван и Раде стојат зад злосторството, а Јелена била убиена во сатанистички ритуал. Тие неретко ги поттикнуваат своите членови на самоубиство, а бараат и жртви за нивните ритуали, затоа и ги напуштив кратко по неколку собири. За ритуалот потврдуваат многуте удари со камен во глава, шумата во близина каде веројатно и ја убиле и последните наоди на полицијата дека таа била фрлена во каналот, а не била таму убиена, изјавила С.Г..
Како што вели таа, прв кој почнал да се врзува со Црната Ружа бил деверот на Јелена, Милош кој бил близок со споменатиот водач Раде, а потоа и целото семејство го привлекол кон сектата.
– Милош е најмногу вклучен во работите на сектата. За тоа говори и неговиот изглед, како и неговото однесување. Сите членови на сектата се облекуваат исто како него, носат само црно, се шминкаат нападно и изгледаат мрачно. На пример, има повеќе луѓе во таа група кои на своите тела имаат истетовирано крст свртен наопаку, додала 60 годишната жена.
Соговорничката за Информер тврди дека тие луѓе што го испланирале и го направиле ова злосторство се искусни во тоа и спремни на се’.
– Тие двајца се неприкосновени лидери. Раде и Иван се страв и трепет во таа секта и сигурна сум дека не им е прв пат да направат нешто вакво. Затоа и полицијата не може да излезе со цврсти докази после толку време истрага. Тоа се опасни луѓе, завршила С.Г.
Сектолозите на Балканот уште одамна предупредуваа и пишуваа за активностите и постоењето на овие секти во регионот, а се проценува дека Црната Ружа во Србија има неколку стотина членови.