На територијата на земјата во петокот се пријавени шест случаи на исчезнати лица, по кои полицијата презема мерки за нивно пронаошање, а станува збор за повозрасни како и малолетни лица, информираа во саботата од Министерството за внатрешни работи.
Во петокот во претпладнето околу 10,45 часот во СВР-Велес, Д.С. (1970) од Велес, пријавил дека во четвртокот откако ја подигнал својата пензија од банка во Велес, од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко Д.К.(1935).
Попладнето околу 17 во полицијата во Тетово, Д.Д.(1973) од селтоо Теновоо, пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Р.Д.(1997).
Исто така во петокот во 18,30 часот во Полициската станциа Кисела Вода, М.А.(1988) од Скопје пријавил дека истиот ден утторот околу 8 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга М.Т.(1990).
Претходно, околу 13,30 часот во полицијата во скопската општина Гази Баба, Ц.М.(1966) од населбата Илинден пријавил дека на во четвртокот утрото околу 9 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Ц.С.(1997).
Во петокот во 2 часот утрото во полицската станица Гази Баба, Ш.Д. (1970) од селото Идризово, пријавил дека претходнито ден околу 23,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.
Во полицијата во Бит пазар, пак, во петокот околу 2 часот Ш.Д.(1969) од Скопје, пријавила дека од дома во непознат правец се оддалечила 16-годишна девојка.