Гитаристот на „Аеросмит“ колабирал на сцената, му застанало срцето (ВИДЕО)


Гитаристот на групата „Аеросмит“, Џо Пери (65) колабирал на сцената во Бруклин во текот на настапот со Џони Деп и Алис Купер.perry-joe-50ac8edfdd05b

Како што пренесуваат светските медиуми Пери излегол на сцената и почнал да свири, а во следниот момент му се слошило и седнал, се обидел да продолжи да свири, а потоа побарала лекарска помош..

Зад сцената музичарот неколку пати се онесвестил, а наводно му застанало срцето. Лекарите морале да го оживуваат. На социјалните мрежи се појавиле снимки од оваа немила случка. Гитаристот во критична состојба е превезен во болница и состојбата му е стабилизирана.

Инаку, бендот „Холивуд вемпајрс“, кое го сочинуваат Пери, Деп и Купер, е на турнеја од мај, а колегите и бројни фанови на гитаристот на социјалните мрежи му посакале побрзо оздравување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1