Направена е обдукција врз силуваното, а потоа брутално убиено девојче со камења и тупаници. На тригодишната Анѓелина Стефановиќ од зајечарското село Вратарница, убиецот Владица Рајковиќ (28) и ја смачкал главата до непрепознатливост.
Тој во текот на силувањето на Анѓелина и ја пробил стомачната ципа. Полицијата кога го пронашло телото на малечкото девојче од него испаднале внатрешните органи.
Монстозниот силувач и убиец во моментот на злосторството бил целосно пресметлив.
Психијатарот кој разговарал со него оценил дека убиецот бил поднапиен, но не толку многу за да не може да управува со своите постапки и бил потполно свесен што прави.
– Во истрага осомничениот раскажал што се случило. Во моментот на силувањето девојчето почнало многу да вреска од болка. Рајковиќ побеснел, па и удрил неколку силни шамари за да престане. Но девојчето продолжило да плаче и да вреска, по што тој зел камен и ја удрил по лицето, пишуваат медиумите.
Побеснетиот убиец девојчето го удирал со тупаници и кога сфатил дека е мртва ги облекол панталоните, и ја одвлекол во блиската шума додека зад него останувала крвава трага. Трупот го покрил со лисја, а својата крвава гардероба ја испрал во Тимок и отишол дома каде се пресоблекол.
Потоа тој се вратил на роденден кај својата внука, седнал и почнал да пие, а подоцна дошло до судир со вујкото на Анѓелина, Далибор Стефановиќ. Кога дознале што направил, луѓето сакале да го линчуваат убиецот, но во тоа ги спречила полицијата.
Во село Вратарница сите се уште во шок и не можат да веруваат што се случило и каков монструм е нивниот сограѓанин.