Британската поп-ѕвезда Адел направила сериозен метеж кога од персоналот во лускузниот хотел побарала да ѝ донесат пица од ресторанот оддалечен 112 км од Лондон, пишува британски „Сан“.
Меѓутоа, ништо не би било толку необично во барањето на Адел доколку персоналот на хотелот не ја добил нарачката од разгалената ѕвезда неколку часа откако официјално работното време на пицеријата истекло. Како што пишува „Сан“, иако менаџерите на хотелот ја убедувале Адел дека нивната кујна е во рангот на најдобрите, поп-ѕвездата останала непопустлива во желбата да изеде парче пица од својата омилена пицерија во Кенсингтон.
На крајот, персоналот на хотелот морал да ги исполни барањата на ѕвездата, па храната по четири часа од нарачката пристигнала на адресата на хотелот. И токму кога приказната требало да добие среќен крај, Адел заборавила на својата нарачка и едноставно заспала.