Таа се прослави со учеството во спотот на Саша Ковачевиќ за песната „Како после нас“, а подоцна стана и мисица.
Сепак нејзиниот животен пат не е лесен и според него може да се направи филм.
Јована Швоња денес важи за една од најубавите манекенки во Србија, но во 2010 година поради кавга со момчето скокна од мост во Нови Сад. Но ова беше неуспешен обид за самоубиство бидејќи едно момче ја спаси од надојдениот Дунав.
Две години подоцна Јована доживеа уште една трагедија. Таа на снимањето на еден спот падна во врела вода од 90 степени и доби изгореници на 50 проценти од кожата на телото и остана без коса.
Но потоа Јована се врати посилна и поубава од кога било и се омажи за фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ со кој има ќерка.