Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа која утринава се случила во Автокоманда.
Според информациите во Ургентниот центар итно бил пренесен возачот на автомобилот „Пежо 206“, кој во автомобилот бил сам.Скопјанецот И.В. (38) е возачот на автомобилот „Пежо 206“ кој утринава имаше тешка сообраќајна несреќа во Автокоманда кај АСУЦ
Од засега непознати причини возачот со автомобилот ја пробил заштитната ограда на надвозникот, излетал на булеварот и се превртел на кров.
Возачот кој бил сам во автомобил е пренесен во Ургентниот центар, а како што дознава Курир истиот е полесно повреден.
Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата.