Тешка сообраќајка во Автокоманда, автомобил превртен на кров


Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа која утринава се случила во Автокоманда.

Според информациите  во Ургентниот центар итно бил пренесен возачот на автомобилот „Пежо 206“, кој во автомобилот бил сам.Скопјанецот И.В. (38) е возачот на автомобилот „Пежо 206“ кој утринава имаше тешка сообраќајна несреќа во Автокоманда кај АСУЦ

foto Kurir.mk

foto Kurir.mk

Од засега непознати причини возачот со автомобилот ја пробил заштитната ограда на надвозникот, излетал на булеварот и се превртел на кров.

Возачот кој бил сам во автомобил е пренесен во Ургентниот центар, а како што дознава Курир истиот е полесно повреден.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1