Пороен дожд попладне со грмежи и ветер


Времето во Македонија претпладне сончево и топло. Попладне под влијание на влажна, нестабилна и посвежа воздушна маса ќе настапи значителна промена на времето. На повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон сабота, особено во северните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2.dozd2

Утринската температура од 14 до 22, а дневната од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд ,грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 21, а дневната до 33 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1