Ќе се вработат 600 полицајци – МВР објави нов оглас


Министерството за внатрешни работи распишува оглас за вработување на 600 нови полицајци, дознава. Огласот, е објавен во дел од дневните весници.

Како што може да се прочита од огласот, станува збор за прием на „600 извршители на работното место полицаец“, за работа во Министерството за внатрешни работи.policija sredna

Најголем дел од кандидатите, односно 100 од нив, кои ќе ги поминат обуките и ќе бидат примени, според огласот, ќе бидат распоредени во организациските единици со седиште во Скопје, потоа 165 во Регионалните центри за гранични работи Север – Скопје, Југ и Запад, 50 полицајци ќе бидат вработени во Секторите за внатрешни работи во Охрид и Струмица, додека останатите ќе бидат распоредени во безмалку сите полициски станици во Скопје.

Во огласот се наведени условите за пријавување на конкурсот, како и методологијата за селекција на кандидатите.oglas

По селекцијата, избраните кандидати за полицајци ќе склучат договор за основна обука, која ќе трае една година, а на неа ќе бидат упатени „за 10 отсто поголем број на кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан огласот“.

И лани во јули МВР распиша конкурс за прием на 600 полицајци.

По стапувањето на функцијата техничкиот министер Оливер Спасовски лицемерно пред мкадите полицајци говореше дека тие се иднината на македонската полиција за потоа да одбие да им ги потпише решенијата поради што тие мораа да штрајкуваат пред МВР.

Во мај годинава министерот Митко Чавков, веднаш по повторното преземање на функцијата ги потпиша договорите за вработување на 400 полициски службеници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1