ВО ЖИВО: Обид за државен удар во Турција: војската против Ердоган


Истрели и експлозии се слушаат во Анкара вечерва (петок) откако турскиот премиер Бинали Јилдорим изјави дека војската се обидела да спроведе државен удар, пренесува новинската агенција „Асошиејтед Прес“. Претходно „Ројтерс“ пренесе дека турската армија веќе се огласила со соопштение дека ја презема власта во Турција со цел земјата да може да ги сочува демократските и човековите права. Во моментов се уште тече интервју на НТВ во живо со премиерот Јилдорим, а светските агенции пренесуваа изјава по изјава во минута. Засега тој смирува дека обидот за државен удар нема да успее.3500-300x180

„Некои луѓе илегално спроведоа илегални акции надвор од синџирот на команда. Владата избрана од граѓаните останува на сила во Турција“, рече тој велејќи дека безбедносните служби се на терен и се справуваат со ситуацијата. Премиерот истакнува дека не станува збор за армијата, туку за милитантна група.3000-300x180vojkska-tv-169x300

Улици и мостови во Анкара и Истанбул се блокирани од армијата, а на улиците се и полициските служби и во земјата. Ситуацијата е неизвесна и тензична, а администрацијата на Обединетите нации веќе е на нозе и во комуникација со претставниците на земјите од Советот на безбедност на ОН.

ЖИВО

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1