Непрекинато пукање се слуша на снимките од видео преносот во живо кој го врши агенцијата Ројтерс од случувањата во Турција.
Засега нема официјална потврда, но според пишувањата на светските агенции војската отворила оган кон народот кој претседателот на Турција Ердоган го повика да излезе на улиците за да им покаже на побунениците од редовите на армијата кој е во право.
На снимките може да се забележат и тенкови кои се движат по улиците и граѓани кои удираат по воените возила.