Мртов маж со денови скапувал во својот дом


Хорор ја потресе Македонија викендов. Во 20 часот и 15 минути телефонски во полицијата во Охрид, 38-годишниот И.М. пријавил дека од куќата на 81-годишниот Б.Ѓ. во населбата Чекоштина се чувствувала непријатна миризба.policiska-lenta

По консултација со Јавен обвинител, полициски службеници извршиле насилно отварање на влезната врата од куќата, при што во внатрешноста било пронајдено телото на старецот во фаза на распаѓање.

Екипа на Итна медицинска помош излегла на местото на настанот. но за жал можела само да констатира смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1