Сите кои планираат да летуваат во Црна Гора и Хрватска мора да подготват пари за задолжително плаќање на туристичка такса, а имаат и обврска да пријават престој, ако не сакаат да се соочат со висока казна.
Новите правила во Црна Гора се резултат на построгите измени на Законот за данок за престој, со кој треба да се воведе ред во државата. Висината на таксата за престој е од 0.10 до 1 евро зависно од општина до општина, додека пријавата за престој не се плаќа. Сите кои макар на еден ден одат во Црна Гора се должни да пријават престој, инаку може да платат казна од 300 евра. Иако обврската за пријавување на престој е стара веќе 50 години, тоа никој не го почитува и затоа се воведени строги казни.
Од плаќање на такса се ослободени само оние кои престојуваат кај роднини, но сепак се должи да го пријават својот престој во полиција.
Пријавата за престој во Хрватска е бесплатна, но сите туристи мораат да се пријават. Секако треба да платат такса за престој која изнесува од 0,25 до 1,75 куни зависно од туристичкото место. Оние кои нема да пријават престој може да платат казна од 65 до 375 евра.
Доколку сопственикот на објектот што го издава не наплати такса за престој во Црна Гора ќе биде казнет од 50 до 10.000 евра, во зависност дали е правни или физичко лице. Во Хрватска пак, таа казна е од 250 до 6.250 куни.