Голем пожар изби синоќа во близина на базата на НАТО во турската провинција Измир, а властите ја испитуваат можноста за саботажа.
Поради силниот ветер, огнената стихија брзо се проширила до воената база.
Според информациите на Си Ен Ен-Турк, пожарот се заканува да загрози повеќе населени области, а веќе зафатил дел од еден дом за старци.
И покрај интензивните напори на војниците од Алијансата да го стават пожарот под контрола, тој и понатаму се шири кон магацин за оружје, објави Т24 њуз.