Мистер Бин стана жртва на интернет-измама според која извршил самоубиство


Славниот британски актер Роан Еткинсон (61) стана жртва на лажна вест, според која тој извршил самоубиство, што беше објавена синоќа на социјалните мрежи.

Интернет-измамата се рашири на Фејсбук и покрај тоа што датумите на раѓање и на наводната смрт на Еткинсон, покажуваат оти тој има 21 година, на сликата со која е објавена веста.

Во лажната вест стои дека актерот, кој е познат по улогата на „мистер Бин“, се борел со „тешка депресија“.25072016115350_main_bin4

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1