Ќе се усогласуваат законските измени за медиумите, владата и за МВР


Откако се усвоија измените во Изборниот законик, во понеделник, претставниците на четирите политички партии, потписници на договорот од Пржино, ќе треба да се сретнат за да ги усогласат измените во законите за медиуми, за МВР и за Влада.przino44

За медиумите, ќе треба во законот да се предвиди назначувањето на главниот и одговорен уредник на јавниот сервис, на МРТВ, на предлог на опозицијата како и формирањето на ад-хок тело кое ќе треба да ја мониторира работата на медиумите 100 дена пред одржување на изборите.

Во Законот за Влада треба да се ограничи мандатот на новите министри од техничката влада со времето на објавувањето на официјалните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија. Со овие измени треба да се предвиди и правото на техничките министри за кадровски измени – 15 раководители во МВР, а за последните измени за надлежностите на министерот треба да се наведе дека ќе важат од јануари следната година.

Преговарачите Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, најверојатно ќе се сретнат денеска попладне.

Според договорот од 20 јули, Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги треба да биде изменет во рок од 15 дена или до 4 август. Агенцијата за медиуми до 30 август треба да го формира ад хок-телото кое ќе го набљудува почитувањето на медиумските одредби од Изборниот законик.

Доколку се исполнат сите услови од овој последен договор, лидерите на сите четири партии треба да се сретнат на 31 август и да го потврдат тоа, за да може да се закаже датум за предвремени парламентарни избори, од кои се очекува конечно завршување на кризата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1