Оваа година најмногу од татковците што менуваат пелени се од Скопје. Следуваат Битола со шест мажи на породилно, Охрид со тројца, по двајца татковци на породилно има во Радовиш и во Велес и по еден во Демир Хисар, Тетово, Струмица и во Кочани објави „ТВ Тера“ од Битола.
Најчесто породилно боледување користат мажи кои одлучиле да седат дома од финансиски причини – односно нивната сопруга заработува повеќе од нив. Има и такви што остануваат дома да чуваат бебе ако мајката е болна или ако починала.
Се зголемува бројот на татковци што, наместо мајките, остануваат на породилно боледување и чуваат бебиња, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување.
Само во првите шест месеци од годинава на боледување останале 27 мажи, што е драстично поголема бројка во споредба со минатата и со претходните години.