Во штипската Клиничка болница се лекува заболен од лајшманијаза или кала-азар, тропска болест што се пренесува со комарци, јавува агенцијата Мета.
Ова е прв ваков случај по 2014 година, кога беа регистрирани тројца заболени.
– Постои еден начин на зараза. Кога човекот е каснат од мушичка која го пренесува заболувањето, а која е инфицирана со каснување на заболено куче – вели директорот на Центарот за јавно здравје во Штип, Велик Грков.
Симптомите кај заболените се малаксаност и зголемени црн дроб и слезина.