Полицијата кај него нашла крек и спид. Ја криел дрогата во пластичните капсули од киндер јајца!
53 годишниот Тони Хендерсон тврдел дека дрогата е за неговата бремена партнерка Џенифер Дан која била зависничка, но тој се обидувал да ја откаже од дрога.
Но, полицијата пронашла бројни докази дека Хендерсон бил дилер на дрога од овие два вида, а дилал и хероин.
– За време на судењето кажавте многу лаги но поротата не падна на тоа. Ми кажаа дека имате 27 деца и уште едно на пат. Ќе бидете одделени од нив на подолго време – изјави судијата Џереми Ричардсон.