Директорот на ЈП Водовод и канализација, Александар Атанасов, вели дека утре ќе се знаат резултатите од испитувањата на водата во поплавените подрачја.
– Препораката е, како што кажа и Центарот за управување со кризи, водата да не се користи додека не ги добиеме финалните резултати од микробиолошките анализи утре. Според првичните резултати, никаде нема загаденост на водата, меѓутоа не препорачуваме да се користи додека не излезат финалните анализи. Уште утре ќе можеме да кажеме дали водата е чиста и исправна за користење или не – вели Атанасов за „Плусинфо“.